недела, 7 декември 2025

Во полициска акција во Скопје, се апсат наркодилери од Ѓорче Петров, Нерези и Хром

Првичните неофицијални информации се дека се разбива нова криминална група што делувала на подрачјето на Скопје, а се специјализирала во трговија на кокаин. Од Јавното обвинителство информираа дека во координација со предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единици од МВР вршат претреси на повеќе локации низ Скопје, а со оглед дека акцијата сѐ уште трае повеќе информации се најавуваат во текот на утрешниот ден.

 

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на МКД.мк, инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР извршиле упади на повеќе локации, со цел апсење на осомничени, вклучени во продажба на кокаин.

„Првичните информации укажуваат дека се разбива нова криминална група што делувала на подрачјето на Скопје, што уште еднаш ја потврдува решителноста на актуелната администрација да ја исчисти земјата од уличниот и организираниот криминал. Новото раководство во системот на безбедност испраќа јасна порака дека нема недопирливи за законот, дека нема политички заштитени, и дека нема место за уличен криминал под чадорот на партиска заштита“, велат изворите на МКД.мк.

Од Јавното обвинителство информираа дека во координација со предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единици од МВР вршат претреси на повеќе локации низ Скопје, а со оглед дека акцијата сѐ уште трае повеќе информации се најавуваат во текот на утрешниот ден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ