петок, 3 април 2026

Во полициска акција, разоткриена скопско-кумановска мрежа на нелегална трговија со дрога

Во серија координирани полициски акции низ државата откриена е мрежа на трговија со дрога и оружје, како и ширење омраза на социјални мрежи и користење фалсификувани документи на граница.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Во Куманово, полицијата поднесе кривична пријава против 44-годишен жител на село Черкези, откако при претрес во неговиот дом бил пронајден кокаин.

Паралелно, во Гостивар, полицијата откри уште еден случај на незаконско поседување дрога. При претрес на две локации поврзани со 39-годишен осомничен, биле пронајдени 13 пакувања бела прашкаста материја, муниција од различен калибар, дигитална вага, два пиштоли и воздушна пушка.

Во Скопје, пак, полицијата уапси пет лица на различни локации. Кај нив биле пронајдени марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, како и алатки за мерење и подготовка – дигитална вага и дробилка.

Трите случаи отворија сомнежи за директна вмешаност во нелегален синџир на набавка и дистрибуција на дрога.

Но криминалнот не застанал тука.

Во Штип, 53-годишен маж се соочува со кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку социјални мрежи. Според истрагата, тој преку свој профил промовирал и поттикнувал омраза и насилство, соопшти МВР.

Дополнително, на граничниот премин Табановце, полицијата открила случај на фалсификување документи.

„39-годишен маж од Скопје се обидел да влезе во државата со фалсификувана бугарска возачка дозвола – уште еден показател за злоупотреба на идентитет и обиди за заобиколување на законските процедури“, се наведува во билтенот на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ