недела, 11 јануари 2026

Во Пештани запленети над 100 килограми риба и шест рибарски мрежи

Две лица од Пештани беа фатени на дело додека илегално ловеле риба во Охридското Езеро. Инцидентот се случил вчера, на само 100 метри од брегот кај селото Пештани.

Објавено на

часот

Сподели

Полициските службеници во координација со рибочуварската служба пронашле во чамецот шест рибарски мрежи долги околу 720 метри и улов од 106,8 килограми белвица. Се работи за риба која е во период на мрест и за која е забранет риболовот.

Рибата, по проценка од експерти од Хидробиолошкиот завод во Охрид, била во фаза на расипување. Под присуство на полицијата, уловот бил предаден на Здружението на ловци од Охрид и безбедно уништен на соодветно место.

Д.К. и Н.С. се лишени од слобода и се приведени во полициската станица за гранични работи Охридско Езеро, а сите пловни средства и рибарски мрежи се одземени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ