понеделник, 8 декември 2025

Во Охрид и Скопје регистрирани случаи на малолетници за обљуба на малолетнички

Вчера во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријави дека на 4 октомври малолетник извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.

Објавено на

часот

Сподели

Утрово полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомневање дека на 12 ноември извршил обљуба врз 12-годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот. До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој  го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник. Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, извршија службен разговор. По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ