„Вчера околу 18 часот во ОВР – Неготино е пријавено дека во атар на село Долни Дисан, на место викано ‘Василева чешма’, Љ.К. од ова неготинско село, управувајќи трактор ‘фергусон’, изгубил контрола и излетал надвор од патот, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница – Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.






