Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода Л.Д., на возраст од 55 години од село Пепелиште, неготинско. При сообраќајна контрола на улицата „Христо Ботев“ во Неготино, било сопрено патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, што го управувал Л.Д. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,05 промили алкохол во крвта, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, додадоа од СВР – Велес.






