Министерството за внатрешни работи во денешниот полициски билтен информира дека случајот е пријавен во 3:22 часот од страна на 49-годишна жена.
„Едно од стаклените шишиња паднало во дворното место до паркирано товарно возило, а второто паднало на тераса од куќата и предизвикало пожар. Пожарот бил изгаснат од членови на семејството. Повредени лица нема“, информира МВР.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.






