вторник, 3 февруари 2026

Во Краљево приведен е Македонец за пет кражби

Српската полиција во Краљево уапси маж (44) од Македонија под сомневање дека ограбил обложувачници и пошта, соопшти локалната полициска управа.

Објавено на

часот

Сподели

В.Г. е осомничен дека влегувал во обложувачници и пошти на територијата на Краљево со фантомка на главата и, со закана со пиштол, одзел повеќе од 700.000 динари.

Во станот на осомничениот, полицијата пронашла дел од парите, фантомка и реплика од пиштолот за кој се сомнева дека го користел при извршувањето на кривичното дело.

Тој е обвинет за пет кривични дела разбојништво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ