недела, 7 декември 2025

Во комбе со овошје и зеленчук пронајдени петарди

Полицијата од Куманово вчера при преглед на возило „цитроен берлинго“ на улицата „Бранко Богдански Гуцман“, освен овошје и зеленчук, пронајдоа и одзедоа околу 1.100 разновидни пиротехнички срредства.

Објавено на

часот

Сподели

Приведен е З.Д. (58) од село Тромеѓа, Кумановско. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена  соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ