„Вчера во 9:40 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци, ги лишиле од слобода П.С.М., Ш.Д.Т. и Б.К.Д., тројцата од Непал и Р.К.Р. од Индија, кои престојувале во Кавадарци. По издадена судска наредба, полициски службеници за недозволена трговија со дрога при ОВР Кавадарци, извршиле претрес во домот каде престојувале, при што биле пронајдени и одземени една саксија со стебла непознато растение, непозната зелена растителна материја и непозната бела прашкаста материја“, појаснија од СВР Велес.
Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе била поднесена соодветна пријава.






