сабота, 20 декември 2025

Во кафуле во Тетово се служело алкохол на малолетници

По синоќешната контрола на тетовската полиција, заедно со инспектори од Државниот инспекторат за труд, Државниот пазарен инспекторат и од Управата за јавни приходи, во угостителски објект на улицата „Јован Ончески” во Тетово биле затекнати шест малолетни лица, кои биле послужени со алкохолни пијалоци.

Објавено на

часот

Сподели

Малолетниците се предадени на нивните родители, а против сопствениците И.С. (23) и М.Ј. (22), двајцата од село Брвеница ќе биде поднесен соодветен поднесок во врска со сторено кривично дело „точење алкохол на малоетници“ согласно член 204 од КЗ на Македонија. Од страна на другите органи биле преземени мерки и активности од нивна надлежност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ