четврток, 25 декември 2025

Во излетан автомобил на патот Валандово-Струмица пронајдени девет мигранти, возачот побегнал

Објавено на

часот

Сподели

Настанот го потврдија од СВР Струмица од каде прецизираа дека денеска во 06:05 во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Р 1401, Валандово-Струмица, патничко моторно возило „ауди“, со скопски регистерски ознаки, излетало надвор од коловозот, а во него се превезувале девет мигранти од Сирија.

„Еден од мигрантите се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Валандово. Мигрантите се пренесени во Прифатен центар ‘Винојуг‘ Гевгелија, а Секторот за внатрешни работи Струмица презема мерки за пронаоѓање на возачот на возилото, кој го напуштил местото на настанот“, информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.

Заради вршење увид на местото на сообраќајката и извлекување на автомобилот сообраќајот на овој патен правец беше во прекин од околу триесетина минути.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ