недела, 21 декември 2025

Во Градскиот парк во Скопје приведен вооружен Нигериец кој нападнал полицаец

Во Градскиот парк во Скопје ноќеска се одвивала вистинска драма при интервенција на полицијата пред познат угостителски објект.

Објавено на

часот

Сподели

Рано утрово во 4:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.И.У. (37) од Нигерија (со американски пасош и лична карта) поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејства, соопшти МВР. При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „глок“, две рамки и 30 куршуми за кои не поседувал дозвола, соопшти полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, се додава во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ