вторник, 5 август 2025

Во гаража во Хиподром запалени „мерцедес“, „бмв“ и мотоцикл „беверли“

Рано утрово во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Хиподром настанал пожар во гаражен простор во склоп на зграда, во кој биле зафатени возила „мерцедес“ и „бмв“ и мотоцикл „беверли“, сите со скопски регистарски ознаки и сите сопственост на А.С.(32) од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а од страна на станарите на едно женско лице му била пружена лекарска помош поради вдишување на чад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ