Првиот случај во СВР Куманово го пријавила триесет и едногодишната А.С. во 14:09 часот, посочувајќи дека во училишен двор на основно општинско училиште во Долно Којнаре, Кумановско, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.
Во 12:45 часот во СВР Куманово, М.С.(33) од село Доброшане, Кумановско, пријави дека на 27 февруари, околу 13:30 часот во основно општинско училиште во Куманово, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзини соученици.
Вчера во 12:45 часот во СВР Куманово, 35-годишна жена од Кумановско пријавила дека подолг период во основното училиште во Куманово, во кое учел нејзиниот 12-годишен син бил малтретиран од негов соученик.
„Според пријавеното, соученикот често го навредувал и се исмејувал на нејзиниот син, а во еден случај го наведувал да скокне од прозорец на училницата. Исто така, 35-годишната жена пријавила дека син ѝ го информирал педагогот во училиштето, но не било преземено ништо, ниту пак ја информирале неа. Над малолетникот биле извршени прегледи во кумановската болница и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, по што бил хоспитализиран на Клиниката за психијатрија“, соопшти полицијата.
СВР Куманово, презема мерки за расчистување на случајот.






