недела, 7 декември 2025

Во две засебни сообраќајки две тешко повредени лица

Утрово околу три часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај Трапчин Дол, патничко возило волво со американски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. од Кичево, излеталo од патот. А, вчера напладне во полициската станица Струмица е пријавено дека патничко возило опел со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј., удрило во пешакот В.К. од Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата кај Трапчин Дол со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.З. од Кичево, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

А, вчера напладне во полициската станица Струмица е пријавено дека патничко возило опел со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј., удрило во пешакот В.К. од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.К., констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ