понеделник, 22 декември 2025

Во две возила биле криумчарени 13 мигранти

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа на излез од Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица” дале знак за запирање на патничко возило „сеат толедо”, со скопски регистарски ознаки, но тоа не застанало. Набрзо возилото било пронајдено во близина на наплатна рампа Смоквица и во него биле откриени 7 лица мигранти од Сирија. Возачот е уапсен по полноќ и е утврдено дека се работи за О.И. (21) од селото Црвена Вода, општина Студеничани.

Во исто време со обидот за запирање на „сеатот“, на излезот од Гевгелија било сопрено и патничко возило „бмв”, со скопски регистарски ознаки, во кое биле пронајдени 6 лица мигранти од Сирија. Возачот А.Н.(27) од с.Горно Количани, скопско, се обидел да избега, но бил фатен, лишен од слобода и приведен во полициска станица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ