Како што информираа од СВР Струмица, вчера околу 16 часот на обиколницата кај Богданци, патничко возило рено клио со гевгелиски ригистарски таблички, управувано од Љ.С. од Богданци излетало од патот, а од здобиените повреди на местото на несреќата починал богданчанецот.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Синоќа околу 21:50 часот на регионалниот пат Струмица-Берово, во правец од село Дабиле кон село Петралинци се случила сообраќајна несреќа меѓу автомобил форд со струмички регистарски таблички управувано од З.А. (32) од село Хамзали и автомобил цитроен управувано од Б.С. од село Свидовица, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди со здобиле возачот З.А. и сопатниците од патничкото возило цитроен Ш.А. и Д.А., двајцата од село Петралинци, а со телесни повреди се здобиле возачот Б.С. и петгодишно дете, сопатник од патничкото возило форд, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на полициската станица Струмица.






