Во првиот случај, по апсењето на осомничениот, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Во вториот случај полициските службеници запреле патничко возило фолксваген голф со швајцарски национални ознаки, кое го управувал Г.П., а сопатник бил А.А., при што забележале дека сопатникот од возилото фрлил пакување со марихуана, кое било пронајдено и одземено.
Додека, при преглед во возилото биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и грендер. Лицата биле задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопштија од МВР.






