петок, 3 април 2026

Во два одвоени случаи полицијата открила закани по живот, вознемирување и наслиство

Два случаи региатрирани во полицискиот билтен откриени закани по живот, вознемирување и насилство, соопштија од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот случај, 64-годишен скопјанец пријавил дека неколку дена претходно, пред неговиот дом се појавило лице кое му упатило сериозни вербални закани по живот. Според пријавата, заканите не завршиле тука, истото лице продолжило да му испраќа и телефонски пораки со заканувачка содржина, создавајќи континуиран притисок и чувство на несигурност.

Она што дополнително ја усложнило ситуацијата е што лицето кое ги упатувало заканите, според пријавителот, имало здравствени проблеми.

Во вториот случај, 50-годишен маж пријавил дека додека бил во својот дом добил телефонски повик во кој непознато лице му упатило закани.

Според неговото сведочење, уште на почетокот на март бил физички нападнат пред сопствениот дом од две лица.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ