Во првиот случај, како што наведуваат од СВР Куманово, вчера вечер, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода четириесет и петгодишниот Б. В. од кумановско село затоа што физички ја нападнал својата 18-годишна ќерка и ѝ се заканувал со остар предмет.
Подоцна, во текот на ноќта уапсен бил и четириесет и двегодишниот А. Д. од Куманово затоа што физички го нападнал својот 20-годишен син.
Двајцата биле приведени во полициската станица и по целосното документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави.






