петок, 2 јануари 2026

Во декември 19.750 сообраќајни прекршоци, најмногу за брзо возење

Во декември лани биле издадени 19.750 издадени платни налози за сообраќајни прекршоци, од кои 4.256 биле за непочитување на пропишаната брзина. Од слобода се лишени 132 лица за безобзирно управување со возило.

Објавено на

часот

Сподели

„Во периодот од 1 до 31 декември минатата година како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 19.750 издадени платни налози, 4.256 прекршок се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 132 лица, од кои 109 за возење под дејство на алкохол, три за возење во забранет правец, 13 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, седум за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место“, информираат од МВР.

Според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на декември евидентирани се 5.515 прекршоци за неправилно паркирање, 2.010 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 728 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, санкционирани биле 19 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 441 пешак. Исто така изречени се санкции за 1.136 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 356 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 187 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 110 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи и заеднички придонес за побезбедни патишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ