петок, 23 мај 2025

Во Дебар приведен возач кој возел со 2,41 промили алкохол во крвта

Вчера на улица „Елена Ѓика“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода С.М. (51) од дебарското село Могорче. При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патнички автомобил „форд“ со дебарски регистарски ознаким кое го управувал и од преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека возилото го управува со 2,41 промили алкохол во крвта.

Објавено на

часот

Сподели

Тој бил исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и поднесен му е соодветен платен налог. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ