среда, 18 март 2026

Во Битола приведено е лице за изнуда

Вчера во заедничка и координирана акција на Основното јавно обвинителство Битола и на СВР Битола, приведен е Д.Г. (42) од Битола поради сомневање за извршено кривично дело „изнуда” казниво по член 258 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Тој се сомничи дека во текот на 2024 и на 2025 година во повеќе наврати со закани барал пари од лице од Битола за различни услуги и потреби. По преземени мерки и активности, тој е затекнат при примање на пари од лицето, по што е лишен од слобода и приведен. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ