вторник, 23 декември 2025

Во Битола приведени две лица барани по потерница за доиздржување затворски казни

Објавено на

часот

Сподели

МВР информира дека В.К. бил баран со потерница од Основен суд Прилеп за доиздржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

За Д.Р. била распишана потерница од Основен суд Битола со која се барал за доиздржување казна затвор од 2 години и 5 месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Двете лица биле спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Битола за доиздржување на казните. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ