четврток, 26 февруари 2026

Во Битола не запираат измамите на возрасни лица со лажни повреди на блиски лица

На 25 февруари, во 16 часот, во СВР Битола, 84-годишна битолчанка пријави дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ