вторник, 23 декември 2025

Во акција против дрвокрадци во прилепско запленети осум кубни метри дрва

Објавено на

часот

Сподели

Во рамките на акцијата, на месноста Песјобарци фатени се три лица, М.А. (43), П.А.(40) и И.Д. (48), сите од Прилеп, со три запрежни коли натоварени со огревни дрва без соодветна дозвола за нив. Одземени се околу 4,5 кубни метри и се предадени на прилепската Шумска полиција.

На месноста Пештерица и Дата Центар во Прилеп, пак, запленети се три запрежни коли (шпедитери) натоварени со 0,7 кубни метри огревни дрва без дозвола и тие се одземени од тројца прилепчани, С.А.(37), С.Б.(49), А. Ш(41).

 Во прилепското село Ореовец, пак, се запленети два шпедитери натоварени со три кубни метри огревни дрва од 16-годишен малолетник од Битола. Одземеното огревно дрво е предадено на Шумската полиција во Прилеп.

Од СВР Битола информираат дека по документирањето против дрвокрадците ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ