Како што информираат од МВР, од страна на полициските службеници од СВР Скопје биле преземени девет мерки, додека од Државниот инспекторат за транспорт 29 мерки, според Законот за превоз во патниот сообраќај и Законот за работно време на работниците.
„Од страна полициските службеници од СВР Скопје беа преземени девет мерки и беа поднесени девет платни налози и записници за сторени прекршоци според Законот за безбедност на патниот сообраќај и според Законот за возила. Додека, од Државниот инспекторат за транспорт беа констатирани вкупно 29 мерки според Законот за превоз во патниот сообраќај и според Законот за работно време на работниците“, пишува во соопштението на МВР.