недела, 22 март 2026

Во Аеродром три угостителски објекти служеле алкохол на малолетници

Викендов полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спроведоа зајакнати мерки и активности за санкционирање на непочитувањето на законите, пред се околу точењето на алкохол на малолетници.

Објавено на

часот

Сподели

Контролирани се 12 угостителски објекти на територија на Аеродром, а во три објекти затекнати се малолетници послужено со алкохолни пијалоци. По документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави по член 204 од КЗ точење алкохол на малолетници, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ