сабота, 27 декември 2025

Виничанец измамен за 4.400 евра со ветување дека ќе му увезат возило од Швајцарија

На 26 декември, во 10:15 часoт во ОВР Виница, 58-годишен маж од Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 4.400 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, тој во текот на октомври 2025 година на лицето Г.З., кој се претставил дека е од Чаир – Скопје, во три наврати му ја дал сумата, а за возврат тој требал да му увезе возило од Швајцарија. Како што е пријавено, откако не го добил возилото, сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ