Според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 156 прекршоци за неправилно паркирање, 136 прекршоци се изречени за возачи што управувале возила без возачки доволи, како и 95 прекршоци за возачи кај кои е регистрирано присуство на алкохол над законски дозволеното ниво.
Санкционирани се 16 возачи на мотоцикли заради неносење заштитен шлем, потоа 40 лица заради користење на мобилен телефон при возење, 11 мерки за возачи што минале на црвено светло, како и 57 учесници во сообраќајот кои не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 20 возила се отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а едно заради техничка неисправност.
Викендов лишени од слобода се пет возачи заради прекумерно присуство на алкохол во крвта (над 1,5 промили).






