среда, 23 јули 2025

Викендов 1.711 сообраќајни прекршоци, 828 за брзо возење

Викендов на територија на цела држава полицијата изреќе 1.711 казни за сторени сообраќајни прекршоци, од кои дури 828 биле за брзо возење. 148 возачи  учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 80 возачи управувале под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 70 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитна кацига.

Објавено на

часот

Сподели

Покрај ова, 184 прекршоци се изречени за недозволено, односно неправилно паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 71 лице што не користеле сигурносен појас, 44 заради користење мобилен телефон при возење, четворица возачи минале на црвено светло, а прекршочни казни добиле и 11 пешаци.
По основ пак на Законот за возила, викендов 37 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а девет возила заради техничка неисправност.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ