Како што информира СВР – Охрид, несреќата се случила на крстосницата од улиците Партизанска и Ванчо Николески, при судир помеѓу патничко возило БМВ со охридски регистарски таблички, управувано од 22-годишниот Ф.Ч. од селото Горенци, општина Дебрца, и велосипед управуван од С.Ф. од Охрид.
Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР – Охрид, а причините за несреќата се предмет на понатамошна истрага.