Несреќата се случила при судир помеѓу мопед со охридски регистарски таблички, управуван од 22-годишниот Ф.М. од Охрид, и велосипед управуван од 60-годишниот Н.Д., исто така од Охрид.
Според информациите од полицијата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот на мопедот поминал со полесни повреди. Двајцата биле пренесени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде им биле констатирани повредите.
На местото на несреќата бил извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Охрид, а се преземаат дополнителни мерки за целосно расветлување на случајот.