недела, 7 декември 2025

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на регионалниот пат Струга-Дебар

Велосипедист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода со автомобил на регионалниот пат Струга – Дебар, кај селото Враништа, соопшти денеска СВР Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Според информацијата, вчера во 13 часот и 15 минути на регионалниот пат од Струга кон селото Враништа, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило фолксваген голф со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(57) од селото Горно Татеши, струшко и велосипед управуван од Р.Ш.(65) од селото Враништа, струшко.

Во несреќата, како што е наведено, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

На местото, бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Струга.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ