вторник, 30 декември 2025

Велешките пожарникари спречиле пожар да се прошири на куќите во стариот дел од градот

Во Територијалната противпожарна единица Велес, синоќа  во 22:25 часот, била примена дојава за запалено патничко возило на улицата „Љубен Весов“, во близина на спомен-куќата на Кочо Рацин во стариот дел на Велес со стрмни непроодни сокаци и збиени куќи.

Објавено на

часот

Сподели

Следела брза интервенција на пожарникарите со која било навреме спречено проширување на пожарот, кој се проширил од едно на друго возило и зафатил и една бандера, а можел за кратко време да ги зафати и блиските куќи.

Како што денеска информираат од ТППЕ Велес, тие излегеле на местото на настанот со две противпожарни возила и шест пожарникари.

„По пристигнување на местото на настанот глетката прикажуваше проширување на пожарот од кој беа зафатени две возила и една бандера. Со брза интервенција и пожртвуваност на пожарникарите, пожарот беше изгаснат и не се дозволи огнот да направи штета и на околните куќи“, соопштија денеска од ТППЕ Велес.

Инаку велешката улица „Љубен Весов“ се наоѓа во стариот дел на градот којшто е густо населен и куќите се прилепени една до друга, така што пожарот можел многу брзо се шири. Воедно проодноста на пожарникарското возило по стрмните и тесни улички е многу тешка и поради голем број на паркирани возила.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ