вторник, 17 март 2026

Велешанка пријавила дека била нападната на работно место

Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишиле од слобода М.П. (31) од Велес по пријава од 55-годишна велешанка.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира денеска МВР, жената пријавила дека М.П. на работното место во здравствена установа во Велес ја заклучил во една од просториите. Според пријавата, М.П. кршел предмети, физички ја нападнал и се заканил со остар предмет и со средство за чистење ја испрскал во очите.

М.П. бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ