Според пријавата, на 27 август околу 10 часот наутро, на нејзиниот фиксен телефон ѝ се јавило непознато машко лице кое ѝ соопштило дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа во која било прегазено четиригодишно дете.
Измамникот побарал 50.000 евра за да ја „спаси“ од наводна затворска казна.
Откако оштетената рекла дека нема толку пари, туку околу 2.700 евра, добила насоки да ги однесе во кругот на Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Жената, следејќи ги упатствата, на 27 август околу 11:50 часот кесата со парите ја оставила во една од кантите за отпадоци, а потоа со автобус се вратила во Велес.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.






