петок, 4 јули 2025

Велешанец пријавил напад врз малолетната ќерка и неговата сопруга

Вчера во СВР Велес, Е.Х., пријавил дека на улицата „Хаџи Косте“ во Велес, неговата малолетна ќерка била физички нападната од С.У., при што напаѓачот употребил и метален предмет, а откако неговата 27-годишна сопруга дошла на местото на настанот, тој и кон неа упатил закани.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од МВР, од страна на полициски службеници С.У. бил затекнат како во рацете држи  остри предмети, му била дадена наредба да ги фрли, но истиот се оглушил на наредбата, им се заканувал на полициските службеници движејќи се кон нив со намера да ги нападне, по што бил испукан еден предупредувачки куршум во воздух и повторно му била дадена наредба да ги фрли предметите.

„С.У. повторно се оглушил на наредбата, продолжил да се движи кон полициските службеници, и бил испукан уште еден предупредувачки куршум во воздух, по што напаѓачот го фрлил едниот предмет и се дал во бегство. Биле испукани уште два предупредувачки куршуми во воздух, а С.У. и натаму бегајќи го фрлил и другиот предмет. Предметите се пронајдени и одземени, за настанот е известен јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, а по лицето интензивно се трага“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ