Според пријавеното, лицето побарало од оштетениот велешанец на договорено место во Велес да преземе пакет со брендирана облека од друг човек, за кого кажал дека е негов колега инспектор од Неготино, и за пакетот да даде 200 евра, кои подоцна ќе му ги врати.
„Како што е пријавено, на местото наместо со лицето од Неготино, тој се сретнал со лицето од Скопје, кој го довел во заблуда, му го дал пакетот и му ги земал парите. Исто така, според пријавеното, лицето во два наврати го измамило и неговиот син, а од пред извесен период ја прекинало комуникацијата со нив, по што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од СВР Велес.






