Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 21 часот на подрачјето на Шуто Оризари привеле 17-годишен малолетник од Кочани по претходна пријава дека извршил тешка кражба во Скопје, информира МВР.
Во полициското одделение во Шуто Оризари во присуство на инспектори по малолетничка деликвенција и на стручен тим од Јавната установа за малолетници – Центар за социјални работи и адвокат, бил извршен разговор со малолетникот кој во целост ја појаснил постапката на извршената тешка кражба, наведува МВР.
„Известен бил и дежурен јавен обвинител за малолетници, од каде што е добиено известување дека малолетното лице имало претходна правосилна пресуда и треба да биде спроведено до Воспитно-поправниот дом Тетово“, пишува во соопштението и се додава дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






