вторник, 9 декември 2025

Вчера казнети се 46 возачи на електрични тротинети

Вчера полицијата казни 698 возачи за разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Објавено на

часот

Сподели

Заради неприлагодена брзина на движење вчера беа изречени 182 прекршоци, за неправилно паркирање 197 санкции, додека пак 64 учесници во сообраќајот се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола.

Покрај ова, вчера за 27 учесници во сообраќајот изречени се прекршоци за некористење сигурносен појас, 24 возачи се санкционирани за користење на мобилен телефон при управување со возило, а изречени се 49 мерки за возачи на мотоцикл заради неносење заштитен шлем.

Евидентирани се шест случаи на минување на црвено светло, а изречени се дури 46 прекршочни платни налози за возачи на електрични тротинети за сторени сообраќајни прекршоци и се соочени со законски предвидените глоби, додека пак од сообраќај се отстранети осумина возачи заради управување на возило со прекумерно количество алкохол.

Согласно пак Законот за возила вчера беа изречени четири прекршоци по основ на технички неисправни возила и 11 по основ на возила коишто не биле регистрирани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ