среда, 28 мај 2025

Вчера казнети 613 возачи, 132 возеле под дејство на алкохол, 114 без возачка дозвола

Вчера од вкупно 613 казнети возачи, 132 биле казнети за возење под дејство на алкохол, а 114 учесници во сообраќајот немале возачка дозвола.

Објавено на

часот

Сподели

115 казни биле издадени за непочитување на пропишаната брзина на движење, 42 мерки за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 37 лица кои не користеле сигурносен појас, изречени се 10 мерки за возачи на мотоцикл за неносење заштитна кацига како и седум санкции за возачи кои што говореле на мобилен телефон при возење.
Исто така а согласно Законот за возила, 24 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а четири возила заради техничка неисправност.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ