среда, 9 април 2025

Вчера евидентирани 794 сообраќајни прекршоци, 163 за брзо возење

Полициските службеници во рамки на сообраќајните контроли на патиштата низ земјата, вчера издадоа вкупно 794 платни налози за сообраќајни прекршоци, од кои 269 за неправилно паркирање, 163 за возење со брзина поголема од дозволената и 69 за возење без возачка дозвола, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Изречени се 57 мерки по основ на неносење сигурносен појас, потоа 20 санкции за користење мобилен телефон при возење, 33 санкции за пешаци и три за неносење заштитен кацига.

Вчера се изречени и седум санкции за возење под дејство на алкохол. Согласно одредбите од Законот за возила, 12 возила се исклучени од сообраќај заради техничка неисправност, а 10 затоа што не биле со важечка регистрација.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради поголема безбедност и посигурни патишта

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ