Во соопштението од СВР Струмица се наведува дека учесници во трепачката се С.А.(49) од Струмица и Ќ.Д.(32) од Штип.
„Пронајден е и лишен од слобода С.А., со кого е извршен службен разговор во просториите на СВР Струмица, а за Ќ.Д. кој по настанот побегнал е објавен централен распис за негово пронаоѓање“, се наведува во полициското соопштение.
Се додава дека за настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица, по чии насоки од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот по што против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.






