понеделник, 22 декември 2025

Утврден идентитетот на починатиот маж во пожарот во Битола

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за битолчанецот Ј.Ј. (93 г.) кој живеел во зградата на 12 кат во стан на Булевар „1-ви Мај” во Битола.

„Утрово во 04.46 часот во СВР Битола беше пријавено дека настанал пожар во стан булевар „1-ви Мај” во Битола. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. Притоа, со повреди се здобил и починал Ј.Ј. (93) од Битола, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле екипа од СВР Битола и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција,“ соопштија од СВР-Битола.мт/

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ