недела, 8 јуни 2025

Утрово се запали камион на кумановското ЈП „Чистота и зеленило“

Камион на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ изутрината бил опожарен додека изнесувал смет од правен субјект од Куманово, информираа денеска надлежните од претпријатието. Пожарот го изгасила екипа на противпожарна единица и вработени на самото претпријатие.

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на претпријатието, Ненад Стојановски, информираше дека до пожарот дошло поради несоодветно одложен отпад, кој се запалил во задниот дел на возилото.

„Пожарот е резултат на неодговорно фрлање отпад, кој не смее да се меша со комуналниот отпад. За среќа нема повреднеи во пожарот, вработените го забележале пожарот и алармирал, што овозможи навремена реакција и спречување на сериозни последици. Причинета е штета која ќе се санира, изјави Стојановски.

Увид извршила и екипа на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од јавното претпријатие со апел до граѓаните и правните субјектите да се одлага соодветен отпад и укажуваат дека инцидентот ја отвара дебатата за неопходна едукација и контрола при управувањето со отпадот, како и за зајакнување на инспекциските механизми во насока на спречување на вакви ризични ситуации.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ