петок, 13 јуни 2025

Уште една жртва на измами за лажни сообраќајки – жена од Скопје измамена за 9.700 евра

Жена од Скопје (72) пријавила во полиција дека била измамена од едно лице за сума од 9.700 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка и нејзиниот зет предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете, како и доколку не сака да лежат во затвор, требало да плати.

Според пријавата, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ