Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, претставувајќи и се како доктор и ѝ кажало дека треба да даде пари затоа што на нејзината ќерка требало да ѝ се направи операција, откако претходно наводно паднала и се повредила додека ги шетала кучињата. Според пријавеното, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






