Според информацијата, вчера во 10 часот и 45 минути полициски службеници од ОВР Струга, од слобода го лишиле М.Д.(32) од селото Франгово.
„При контрола во сообраќајот извршена на улицата ‘Маркс Енгелсова’ во Струга, било сопрено патничко моторно возило голф со струшки регистарски ознаки, кое М.Д. го управувал и притоа, било констатирано дека немал положено возачки испит со што го загрозил јавниот сообраќај“, стои во соопштението.
По насоки на јавен обвинител, возилото било одземено и по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.






